КОНКУРС
за доделување на 10 стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на државниот универзитет во Штип, Република Северна Македонија запишани за прв пат на студиската 2024/2025 година.
Фондација ЕДУКАТА за студиската 2024/2025 година ќе додели стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип и тоа по следните групи:
10 (десет) стипендии за редовни талентирани студенти од социјални категории запишани на додипломски студии од прв циклус на државниот универзитети во Штип, Република Северна Македонија, согласно следните категории:
– 2 стипендии на студиите на Факултет за образовани науки
(Смерови: одделенска настава, предучилишно воспитание, историја и археологија и педагогија)
– 2 стипендии на студиите на Факултет за информатика
(смерови: компјутерско инженерство и технологии, компјутерски науки, применета математика, математика – наставна)
– 1 стипендија на студиите на Музичка академија
(смерови: музичка теорија и педагогија, етнокореологија, музички изведувач на флејта, кларинет,труба, виолина, гитара, саксофон и хармоника. Соло пеење, пијано, џез гитара, џез труба, џез саксафон, џез бас, џез пеење)
– 1 стипендија на студиите на Ликовна академија
(смерови: калсично сликарство и вајарство)
– 2 стипендии на факултет за медицински науки
(смерови: општа медицина, дентална медицина, фармација, медицински лаборанти, физиотерапевти, акушерки, медоцински сестри/техничари, забни техничари/протетичари, оптометрија и очна оптика)
– 2 стипендии oд Електротехнички факултет
Смерови: автоматика и системско инженерство, електроенергетика и обновливи извори на енергија)
Машински факултет:
Смерови: машински дизајн и производство, мехатроника, машинско инженерство)
Факултет за природни и технички науки:
Смерови: Рударство, Геологија, Инженерство за заштита од животна средина, дизајн за ентериер и мебел, индустриска логистика, инженерство за заштита од животна средина и Компјутерски дизајн)
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Република Северна Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:
1. Евидентен лист,
2. Остварен успех од 5,00 за сите 4 години средно образование
3. Потврда за редовно запишан прв семестар за студиската 2024/2025 година, на државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип на студии на следните факултети:
Факултет за образовни науки
Факултет за информатика
Музичка академија
Ликовна академија
Факултет за медицински науки
Електротехнички факултет
Машински факултет и
Факултет за природни и технички науки
4. Да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании; со исклучок на Министерството за образование.
5. Да се државјани на Република Северна Македонија. (се докажува со Уверение за државјанство)
6. Материјалната состојба на потесното семејство на кандидатот (вкупни месечни примања по член на семејство, кој се пресметува како збир од сите приходи на месечно ниво на секој член на семејството со кои живее студентот поделен со вкупен број на членови на семејство).
7. Награди/дипломи освоени на меѓународни и државни натпревари во областа од студиите на кој факултет се запишуваат.
8. Фотокопија од индексот.
II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на foundation.educata@gmail.com и на info@educata.mk или, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во хартиена форма преку пошта или лично во седиштето на Фондација ЕДУКАТА Скопје, на Булевар Киро Глигоров бр.2, Општина Гази Баба 1000 Скопје, во периодот од 15.11.2024 до 15.12.2024 година.
Потребните документи за доставување се следните:
1. Евидентен лист
2. Свидетелства од сите 4 години каде ќе се утврди дека е остварен успех во просек од 5,00 во цело 4-годишно образование, оригинал или копии заверени на нотар
3. Потврда за редовно запишан прв семестар за студиската 2024/2025 година;
4. Награди/Дипломи од освоени меѓународни и државни натпревари во областа од студиите на кој факултет се запишува
5. Документи за утврдување на материјалната состојба на кандидатот:
За вработените членови на семејството – потврди за остварена плата за последниот месец пред аплицирањето за стипендија или доколку за овие месеци не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата за оваа година (за родителите-старатели кои се вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од институцијата во која е вработен, а за родителите-старатели кои се вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата а или за пензионирани родители/старатели чек од пензија.
За невработените членови од семејството потврда од АВРСМ дека се невработени и не примаат паричен надоместок
За браќа/сестри кои се ученици/студенти потврда од училиштето/универзитетот дека се редовни ученици/студенти
6. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија, освен надоместок/стипендија од Министерството за образование.
7. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во оригиналната документација
8. Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Фондацијата по службена должност да ги обезбеди и/или провери потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка.
9. Фотокопија од индексот (опционално, доколку студентот поседува).
10. Копија од лична Трансакциска сметка на кандидатот
Кандидатот има право на оваа стипендија за време на целокупното студирање, само доколку
• После завршена ПРВА година од студии остварен најмалку 7.5,00 просек, како услов за продолжување на правото на стипендијата.
• После завршена ВТОРА, ТРЕТА и ЧЕТВРТА година (и други доколку се повеќе годишни студиите) од студии остварен 8.00 просек, како услов за продолжување на правото на стипендијата
по завршување на секоја (и секоја наредна) студиска година, доставува потврда навремено дека предвидените и запишаните обврски во учебната година се целосно реализирани во тековната година.
Докoлку студентот – корисник на стипендија од Фондација ЕДУКАТА нема да фати услов за наредна година или од било кои причини го прекине студирањето го губи правото на стипендија веднаш.
III. КАНДИДАТИТЕ НЕМА ДА БИДАТ РАНГИРАНИ АКО:
Доставената документација е ненавремено доставена, или се утврди дека е неточна или лажна.
Се разгледуваат само целосно пополнетите пријави заедно со потребните документи, поднесени во утврдениот рок согласно овој Конкурс.
IV. ОБЈАВА НА РЕЗУЛТАТИТЕ
Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на веб-страницата на Фондацијата
V. ВИСИНА НА СТИПЕНДИИТЕ
Висината на стипендијата изнесува 18.000 денари нето месечно, по корисник на стипендија, за десет месеци во текот на студиската година.
Секој студент може да конкурира само за една стипендија за еден факултет.
Студентите кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Фондацијата со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.
Студентите кои ќе добијат стипендија, по објавување на списокот со добитници, се обврзуваат да склучат договор со Фондацијата најдоцна до 30.12.2024 година со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски, во спротивно, ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.