Измена на Конкурс за стипендирање на 8 студенти 2023/24 на државниот универзитет во Тетово

Измена на Конкурс за стипендирање на 8 студенти 2023/24 на државниот универзитет во Тетово

КОНКУРС ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ за доделување на 8 стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на државниот универзитет во Тетово, Република Северна Македонија запишани за прв пат на студиската 2023/2024 година

I. Фондацијата ЕДУКАТА Скопје врши измена на “Kонкурсот за доделување на 8 стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на државниот универзитет во Тетово, Република Северна Македонија запишани за прв пат на студиската 2023/2024 година” а во согласност со Правилникот за изменување и дополнување донесен од Генералниот директор на Државна видеолотарија на Република Македонија, заведен со архивски бр. 02-4909/3 од 09.10.2023 година.

II. Со оваа измена и дополнување се врши зголемување на вкупниот број на стипендии, и истите ќе изнесуваат вкупно 10 стипендии. 

Се додава нова ставка за доделување на стипендии и истата сега ќе гласи:

“2 стипендии на Факултетот за медицински науки„

III. Насловот на Конкурсот се менува и сега ќе гласи:

“Конкурс за доделување на 10 стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на државниот универзитет во Тетово, Република Северна Македонија запишани за прв пат на студиската 2023/2024 година.”

III. Рокот за аплицирање и поднесување на пријава и документи се продолжува до
01.11.2023 година – Среда за сите апликанти.

Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на 20.11.2023 година на веб-страницата на Фондацијата.

Документи:

Фондација за образовна и хуманитарно општествена дејност

© 2022 Едуката. Сите права задржани.