Фондација ЕДУКАТА за студиската 2022/2023 година ќе додели стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија и тоа по следните групи:
а) 12 стипендии за редовни талентирани студенти од социјални категории запишани на
додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети во Скопје, Република Северна Македонија и тоа:
-3 стипендии на студиите на машински факултет
-3 стипендии на студиите на ФИНКИ
-3 стипендии на студиите по Правен факултет
-3 стипендии на природно математичкиот факултет
Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните универзитети во Скопје, Република Северна Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:
1. Евидентен лист
2. Остварен успех од 5,00 за сите 4 години средно образование
3. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2022/2023 година
4. Да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании; со исклучок на Министерството за образование.
5. Да се државјани на Република Северна Македонија (се докажува со Уверение за
државјанство)
6. Материјалната состојба на потесното семејство на кандидатот (вкупни месечни примања по член на семејство, кој се пресметува како збир од сите приходи на месечно ниво на секој член на семејството со кои живее студентот поделен со вкупен број на членови на семејство).
7. Изјава/Согласност за обработка на лични податоци
8. Документација за посета на државни и меѓународни натпревари.
Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на info@educata.mk , а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во просториите на Бул. Киро Глигоров број 2, Скопје), од 01.11.2022 до 21.11.2022 година
Потребните документи за доставување се следните:
1. Евидентен лист
2. Свидетелства од сите 4 години каде ќе се утврди дека е остварен успех во просек од 5,00 во цело 4-годишно образование, заверени на нотар
3. Потврда за редовно запишан прв семестар за студиската 2022/2023 година;
4. Награди/Дипломи од освоени меѓународни и државни натпревари во областа од студиите на кој факултет се запишува
5. Документи за утврдување на материјалната состојба на кандидатот:
– За вработените членови на семејството – потврди за остварена плата за последниот месец пред аплицирањето за стипендија или доколку за овие месеци не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата за оваа година (за родителите-старатели кои се вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од институцијата во која е вработен, а за родителите-старатели кои се вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата а или за пензионирани родители/старатели чек од пензија. За невработените членови од семејството потврда од АВРСМ дека се невработени и не примаат паричен надоместок
За браќа/сестри кои се ученици/студенти потврда од училиштето/универзитетот дека се редовни ученици/студенти
6. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија, освен надоместок/стипендија од Министерството за образование и наука
7. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со
оние податоци внесени во оригиналната документација
8. Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Фондацијата по службена должност да ги обезбеди и/или провери потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка.
9. Фотокопија од индексот
10. Трансакциска сметка на кандидатот
Кандидатот има право на оваа стипендија за време на целокупното студирање, само доколку по завршување на секоја (и секоја наредна) студиска година, доставува потврда навремено дека предвидените и запишаните обврски во учебната година се целосно реализирани во тековната година, со просек од најмалку 8,00.
Доставената документација е ненавремено доставена, или се утврди дека е неточна или лажна.
Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на 30.11.2022 година на веб-страницата на Фондацијата.
Висината на стипендијата изнесува 18.000 денари нето месечно за десет месеци во текот на студиската година.
Секој студент може да конкурира само за една стипендија за еден факултет. Доколку студентот – корисник на стипендија од Фондација ЕДУКАТА нема да достави навремено потврда за целосно реализирани и завршени обврски од тековната година или од било кои причини го прекине студирањето го губи правото на стипендија веднаш.
Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 15 Декември 2022 година да го потпишат договорот за стипендија со Фондацијата. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.
ЗАБЕЛЕШКА: Сите кандидати кои ќе доставуваат документи во хартија задолжително треба да достават и копија од лична трансакциска сметка, во спротивно пријавата нема да биде прифатена.