ФОНДАЦИЈАТА ЕДУКАТА ГИ ОДБРА ПРВИТЕ 12 СТИПЕНДИСТИ

ФОНДАЦИЈАТА ЕДУКАТА ГИ ОДБРА ПРВИТЕ 12 СТИПЕНДИСТИ

Видеолотарија Касинос Австрија преку фондацијата за образовна и хуманитарна општествена дејност ЕДУКАТА, ќе стипендира дванаесет студенти на четири факултети при УКИМ.

Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, преку фондацијата Едуката обезбеди стипендии за дванаесет студенти на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. По извршената евалуација согласно конкурсот за стипендирање 2022/23 објавен на 01.11.2022 година, избрани се  следните кандидати:

Правен факултет:
1. Арта Мифтари од Велес – правни студии
2. Дениз Сулимани од Куманово – правни студии
3. Тамара Гарческа од Битола – политички студии

Машински факултет:
1. Марио Ангелковски од Охрид – мехатроника
2. Симон Темков од Кавадарци- ИИМ
3. Зорица Димова од Кавадарци – ИИМ

Природно математички факултет:
1. Михаела Антовска од Тетово – наставна математика
2. Семра Амза од Скопје – нутриционизам
3. Христина Митреска од Охрид – теориска математика

ФИНКИ:
1. Магдалена Трајкова од Гевгелија – ПИТ
2. Иман Топчи од Охрид – СИИС
3. Ајла Радончиќ -компјутерски науки

Директорот на фондацијата Едуката, Оливер Арсовски најави дека фондацијата ќе го следи целокупниот факултетски развој на избраните студенти, сè до нивното завршување, доколку бидат исполнети критериумите за добивање стипендија. Секој избран студент ќе добие стипендија во нето месечен износ од 18.000 денари за десет месеци во текот на студиската година.

Фондација за образовна и хуманитарно општествена дејност

© 2022 Едуката. Сите права задржани.