Фондација ЕДУКАТА за студиската 2023/2024 година ќе додели стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија и тоа по следните групи:
1. 10 (десет) стипендии за редовни талентирани студенти од социјални категории запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети во Скопје, Република Северна Македонија, согласно следните категории:
– 2 (две) стипендии на студиите на ФЕИТ
– 2 (две) стипендии на студиите на Економски факултет, отсек сметководство и ревизија
– 2 (две) стипендии на студиите по Медицински факултет
– 4 (четири) стипендии на Филозофски факултет и тоа:
– 2 стипендии за отсек социјална работа и социјална политика
– 2 стипендии за отсек специјална едукација и рехабилитација
Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните универзитети во Скопје, Република Северна Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:
1. Евидентен лист
2. Остварен успех од 5,00 за сите 4 години средно образование
3. Потврда за редовно запишан прв семестар за студиската 2023/2024 година, на јавните
универзитети во Скопје, Република Северна Македонија, на студии на економски факултет, ФЕИТ, медицински факултет и филозовски факултет,
4. Да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании; со исклучок на Министерството за образование.
5. Да се државјани на Република Северна Македонија. (се докажува со Уверение за
државјанство)
6. Материјалната состојба на потесното семејство на кандидатот (вкупни месечни примања по член на семејство, кој се пресметува како збир од сите приходи на месечно ниво на секој член на семејството со кои живее студентот поделен со вкупен број на членови на семејство).
7. Награди/дипломи освоени на меѓународни и државни натпревари во областа од студиите на кој факултет се запишуваат.
8. Фотокопија од индексот.
Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на foundation.educata@gmail.com и info@educata.mk ,или, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во хартиена форма преку пошта или лично во седиштето на Фондација ЕДУКАТА Скопје, на Булевар Киро Глигоров бр.2, Општина Гази Баба 1000 Скопје, во периодот од, 01.12.2023 до 31.12.2023 година,
Потребните документи за доставување се следните:
1. Евидентен лист
2. Свидетелства од сите 4 години каде ќе се утврди дека е остварен успех во просек од 5,00 во цело 4-годишно образование, заверени на нотар
3. Потврда за редовно запишан прв семестар за студиската 2023/2024 година;
4. Награди/Дипломи од освоени меѓународни и државни натпревари во областа од студиите на кој факултет се запишува
5. Документи за утврдување на материјалната состојба на кандидатот:
– За вработените членови на семејството – потврди за остварена плата за последниот месец пред аплицирањето за стипендија или доколку за овие месеци не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата за оваа година (за родителите-старатели кои се вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од институцијата во која е вработен, а за родителите-старатели кои се вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата а или за пензионирани родители/старатели чек од пензија.
– За невработените членови од семејството потврда од АВРСМ дека се невработени и не примаат паричен надоместок
– За браќа/сестри кои се ученици/студенти потврда од училиштето/универзитетот дека се редовни ученици/студенти
6. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија, освен надоместок/стипендија од Министерството за образование и наука
7. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во оригиналната документација
8. Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Фондацијата по службена должност да ги обезбеди и/или провери потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка.
9. Фотокопија од индексот (опционално, доколку студентот поседува).
10. Копија од лична Трансакциска сметка на кандидатот
Кандидатот има право на оваа стипендија за време на целокупното студирање, само доколку по завршување на секоја (и секоја наредна) студиска година, доставува потврда навремено дека предвидените и запишаните обврски во учебната година се целосно реализирани во тековната година, со просек од најмалку 8,00.
Докoлку студентот – корисник на стипендија од Фондација ЕДУКАТА нема да фати услов за наредна година или од било кои причини го прекине студирањето го губи правото на стипендија веднаш.
Доставената документација е ненавремено доставена, или се утврди дека е неточна или лажна.
Се разгледуваат само целосно пополнетите пријави заедно со потребните документи, поднесени во утврдениот рок согласно овој Конкурс.
Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на веб-страницата на Фондацијата
Висината на стипендијата изнесува 18.000 денари нето месечно, по корисник на
стипендија, за десет месеци во текот на студиската година.
Секој студент може да конкурира само за една стипендија за еден факултет.
Студентите кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Фондацијата со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.
Студентите кои ќе добијат стипендија, по објавување на списокот со добитници, се
обврзуваат да склучат договор со Фондацијата најдоцна до 31.12.2023 година со кој ќе се
уредат меѓусебните права и обврски, во спротивно, ќе се смета дека се откажуваат од
стипендијата.